Бака Прасе избега од Србија: Јутјуберот се плаши да не го убијат, па се огласи од граничниот премин! (ФОТО)

Војната продолжува со сопственикот на ПИНК - Жељко Митровиќ

Јутјуберот Богдан Илиќ или познат како Бака Прасе ги извести своите следбеници дека ја напуштил Србија поради тоа што стравува за неговиот живот откако влезе во конфликт со Жељко Митровиќ.

Веќе со денови трае медиумската војна помеѓу сопственикот на ПИНК телевизија и Бака Прасе, а по се судејќи, крајот не се гледа.

До конфликт дошло кога Богдан го обвини Жељко дека му должи пари, што се испостави како невистина, односно дека Бака Прасе му должи на Митровиќ.

Жељко веднаш му одговори и најави документарен филм за криминалните дејствија на Богдан, а сега јутјуберот одлучи да ја напушти Србија.

„Бегам од државата пред „маснокосиот“ испрати по мене платен убиец – напишал Бака Прасе во описот на своето „стори“ на Инстаграм.

Меѓутоа, многумина се посомневаа дали јутјуберот побегнал од страв за неговиот живот.

Одма започнаа со шпекулации дека Србија сака да ја напушти пред да излезе документарниот филм, чија премиера е најавена во четврток, за да не може полицијата да го уапси после неговото емитување.

Инаку Бака Прасе неколку пати во објавите на социјалните мрежи се обиде да „удри“ и по синот на директорот на ПИНК и ја споменуваше несреќата во која загина Андреа Бојаниќ.

Митровиќ одлучил да не дозволи да се шират тврдења без докази, па објави снимка на Твитер.

„Кога ќе го погледнете ова видео, ќе сфатите колку е Бака Прасе една обична криминално-педерска дебичина, но од четврток ќе разбере дека му се смее од две до дванесет години робија кога ќе го отворам за сите криминални активности. Со таткото на покојната Андреа сум во комуникација од првиот ден на несреќата“ – напишал Митровиќ во снимката.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.