Дали сокот од портокал е навистина здрав? Еве што велат диететичарите

Резултатите неверојатни!

Колку често пиете цеден сок од портокал?

Сокот од портокал често се споменува како еден од најздравите наптиоци одличен почеток на денот. Но, се поставува прашањето колку всушност сокот од портокал е здрав и какви здравствени придобивки добиваме додека го пиеме.

На ова прашање одговорила диететичарката Меги Михалчик која тврди дека зависи од тоа што има во сокот од портокал.

„Сокот од портокал може да биде дел од здравата исхрана бидејќи е преполн со витамин Ц, калиум и други есенцијални хранливи материи. Сепак, некои видови сок од портокал може да содржат додадени шеќери и помалку хранливи материи од свежо цедените или 100 отсто природни сокови“, вели Михалчик.

Таа додава дека е важно да бидеме свесни колку шеќер и други состојки има во пијалоците што ги консумираме.

„Сокот од портокал може да биде здрав додаток на добро балансирана исхрана, но сите сокови од портокал не се исти“, вели Михалчик, а диететичарката Ерика Инграхам се согласува.

„Сокот од портокал е богат извор на витамин Ц, за кој е познато дека има корисен ефект врз имунолошкиот систем“, објаснува Ерика, додавајќи дека сокот од портокал е богат со калиум, кој е важен за здравјето на срцето и функцијата на мускулите, пишува Parade.

Како редовното консумирање сок од портокал влијае на нашето тело?


Редовното консумирање на сок од портокал, се додека е без додаден шеќер, може позитивно да влијае на нашиот организам.

„Сокот од портокал е богат извор на витамин Ц, кој помага во поддршката на имунолошкиот систем. Поточно, витаминот Ц е вклучен во растот и обновата на ткивата, што може да помогне во закрепнувањето од болести и повреди“, објаснува Инграхам.

На долг рок, конзумирањето сок од портокал може да помогне да се одржи здравјето на кожата и срцето, како и да се зајакне имунитетот поради неговите хранливи материи и антиоксиданси, истакнува Михалчик.

Диететичарите посочуваат дека не треба секојдневно да претерувате со количините на сокот, бидејќи дури и шеќерот кој доаѓа од овошјето може негативно да влијае на организмот доколку се консумира во прекумерни количини. Додаваат дека најдобро е да се испие чаша сок од портокал со појадок кој содржи протеини и незаситени масти, пренесува Parade.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.