Заштитете ги нозете од проширени вени во текот на летото

Уживајте во своите здрави нозе!

Во текот на летните месеци, кога температурите го надминуваат 30. степен, долгото седење или стоење често доведуваат до отекување на нозете, што може да биде многу непријатно. Големата топлина и појавата на оток ги мачат срцевите болни и луѓето со проширени вени, чии проблеми дополнително се влошуваат, а здравите луѓе немаат причина за загриженост, туку само естетски проблем.

Наследниот фактор е важен фактор во создавање на проширените вени. Светските епидемиолошки студии наведуваат дека половина од популацијата го има овој проблем и се јавува почесто кај жените. Не можеме да избегаме од наследниот фактор, како и од долгото стоење и седење на работното место. Оперативниот третман дава одлични резултати, но превенцијата е најдобриот начин во борбата против проширени вени.

Кога и да е можно, треба да избегнувате долго стоење и седење. Отекувањето на нозете, кое може да се појави како резултат на покачена температура на воздухот, може да го ублажите со повремено туширање со ладна вода, а лекарите советуваат и да ги кревате нозете за време на одморот.

Животните навики играат голема улога во развојот на проширени вени. Продолженото стоење и седење може да влијаат на нивниот изглед. Дебелината е исто така фактор на ризик. Тие се почести кај постарата популација, но може да се појават и на помлада возраст. Хормоналните промени во пубертетот, бременоста и менопаузата исто влијаат за создавање проширени вени.

Чувството на „тешки нозе“ може да биде придружено со појава на ноќни грчеви, чешање, горење, оток, „нервозни нозе”. Болеста на проширен вени е состојба која полека, со текот на годините, напредува и се влошува.

Видливите „јазли” на крвните садови (варикозитети) на нозете се последица на проширените поткожни вени. Во некои, може да се појави и воспаление на површните вени со тромбоза (тромбофлебитис). Во текот на годините, кожата страда, па може да дојде до отворање рани (чиреви) на подколениците кои со години не заздравуваат, сѐ додека проблемот со проширени вени се реши.

Совети

Пешачењето им е исто така добар пријател на вените затоа што се подобрува циркулацијата. Се препорачува брзо одење или одење со брзина што е најсоодветна, во зависност од здравствената состојба.

Рекреативното одење има побрзо темпо од вообичаеното шетање. Оптималниот тренинг вклучува минимум 20 минути одење, со 70 до 120 чекори во минута, додека вредноста на пулсот треба да биде 120 / мин.

За да се постигне целосен ефект на одење, држете го телото исправено со малку напнати мускули на задниот дел. Опуштете ги рамената за да можат рацете слободно да се движат. Дишете рамномерно и длабоко така што вдишувате низ носот, а издишувате низ устата.

За време на одењето, мускулите на ногата пумпаат крв кон срцето и на тој начин се спречува задржување на течности во долните делови.

Лекување

Лекувањето започнува со испитување и утврдување на степенот на оштетување на површинскиот венски систем.

Ако станува збор за личност со зголемена телесната тежина, се советува хигиенско-диетален режим и физичка активност.

Се препорачува носење на еластични чорапи, кои пациентите ги носат многу поретко во текот на летните месеци, иако би требало да се носат секојдневно и да не ја прекинуваат терапијата.

Употребата на препарати на база на хепарин, односно Hepathrombin, во форма на крем и гел, е добар избор во текот на летните месеци, бидејќи се ефикасни во превенцијата и терапијата на проширени вени, ја ублажуваат болката и отокот, а во исто време и пријатно ладат.

Наведените совети се за превенција и третман на проширени вени и оток, кои можат да ви помогнат да бидете облечени во согласност на сите временски услови, без оглед на естетскиот проблем поради летните горештини.

Уживајте во своите здрави нозе!

ТЕКСТ И ФОТО: ПР, GETTY IMAGES

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.