„Целиот живот им го посветив на децата, но тие си заминаа и ме заборавија“: Фројд имал 3 правила со чија помош го решавал овој проблем!

Мудри зборови

Познатиот психолог Зигмунд Фројд имал 3 правила за среќен живот што и денес многумина ги применуваат

Најпознатиот психолог Зигмунд Фројд открил 3 правила за среќен живот што ќе ве замислат.

„Поголемиот дел од вашиот идентитет е одреден од поголемиот дел од проблемите што можат да ве извадат од такт“ – вака зборувал познатиот психијатар и основач на психоанализата Зигмунд Фројд, а доколку ги сумираме неговите правила за среќен живот, би можеле да издвоиме 3 сурови вистини што можеби нема да ви биде лесно да ги прифатите, но затоа значително можат да ви го олеснат животот.

Животот секому му задава удари, без исклучок

„Животот е низа проблеми, по што следат мигови на смиреност и опуштеност“, рекол Фројд. „Тешките мигови се дел од светот во кој живеем. Дали би знаеле што е убаво време, без лошото? Дали без подлоста би знаеле што е искреност? Сè на светот е дуално и има пар: радост и тага, живот и смрт, победа и пораз. Нашите животи се исполнети со сето ова и за секој удар, човекот има свој одговор – не треба да се плашиме од неволји, какви и да се. Сè е склоно на промени.“

Нема секој живот прецизна смисла, но секој може да ја пронајде

Кога го прашале Фројд која е смислата на животот, тој рекол: „И во ништо и во сè. Изразот ‘смисла на животот’ не постои и не би требало да ги доведува луѓето до очај, како што тоа обично се случува. Секој човек е слободен да му подари смисла на својот живот, од проучување на ѕвездите до уживање. Малкумина сфаќаат дека силата на човекот лежи во тоа да може да се оттргне од својата животинска смисла на постоењето (да се преживее) и да му даде смисла на она што го сака.“

Никој друг не може да ви донесе среќа освен вие самите

„Знаете ли зошто луѓето се разочаруваат од другите луѓе? Им даваат моќ над својот живот. ‘Ова е љубовта на мојот живот, ќе бидам среќен!’, велат на 17 години. ‘Ми ги украде најдобрите години и ми го уништи животот’, велат нешто подоцна. Тоа е така затоа што навикнати сме на другите да им давам моќ над својот живот. ‘Целиот живот им го посветив на децата, но тие си заминаа и не ме посетуваат’, ‘Пријателите ми го свртеа грбот’, велиме. Од некоја причина мислиме дека некој ќе ни помогне да живееме посреќно и затоа со сигурност ќе бидеме разочарани.“

„Не се бориме за вистината во својот живот, туку живееме во илузија дека некој или нешто може да ни го подобри: времето, луѓето, политичарите – што било, но не и ние самите! Постојано бараме нешто и им се лутиме на другите, но никогаш себеси. Време е луѓето да сфатат дека треба да престанат да ги предаваат расположението и животот во рацете на оние кои не можат да се снајдат ни самите со себе. Ние не сме половини, ние сме интегрални целини по природа! Ако се чувствувате како ‘половина’, тоа е само знак дека мора самите да се направите целосни“, зборувал Фројд.

ОВА се трите теории на Фројд за љубовта
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.