Научниците открија дека талогот од кафе ги штити мозочните клетки и ги спречува невродегенеративните болести

Никој не очекуваше вакво нешто...

Голем број луѓе не можат да замислат ден без утринско кафе, но има и такви кои уживаат во него и неколку пати на ден. Иако често го фрламе талог од кафето, се чини дека навиката ќе се промени откако научниците открија дека оваа супстанца игра многу значајна улога во борбата против невродегенеративните болести како што се Алцхајмеровата, Паркинсоновата или Хантингтоновата.

Како талогот од кафе ги штити мозочните клетки?
Научниците од Универзитетот во Тексас спроведоа истражување за ефектот на талогот од кафе врз мозочните клетки. Студијата е објавена во списанието „Environmental Research“.

Квантните точки се концепт што ја доби овогодинешната Нобелова награда за хемија, а вклучува кристали со големина на нанометар. Истражувачкиот тим ги направил овие квантни точки со неорганска кофеинска киселина, но тие истакнуваат дека таа претходно се добивала со екстракција од талог од кафе.

Истражувањата покажаа дека јаглеродните квантни точки (CACKD), кои можат да се добијат од отпадниот талог од кафето, ги штитат мозочните клетки од оштетување предизвикано од фактори како што се дебелината, возраста и изложеноста на пестициди. Поради овој ефект на јаглеродните квантни точки, тие можат да помогнат во борбата против невродегенеративните болести. Иако е во рана фаза, ова истражување би можело да донесе еколошки начин на лекување на овој тип на болест.

Џиотиш Кумар, докторант на Универзитетот во Тексас и водечки автор на студијата истакна дека:

„Ниту еден од сегашните третмани не го решава овој тип на болест, туку само помага во ублажувањето на симптомите. Нашата цел е да најдеме лек со решавање на атомските и молекуларните основи кои ги поттикнуваат овие здравствени состојби“.

Што се невродегенеративни болести?
Невродегенеративните болести се група на болести на нервниот систем кои генерално напредуваат бавно и можат да бидат наследни или стекнати.

Оваа група вклучува Алцхајмерова болест и други состојби на деменција, Паркинсонова болест, Хантингтонова болест, како и спинална мускулна атрофија. Заедничко за сите овие состојби е смртта на нервните клетки, што доведува до различни невролошки симптоми како што се проблеми со меморијата и нарушувања на движењето.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.