Зошто чоколадата не треба да ја јадете пред спиење? Подобро е да ја оставите за некој друг дел од денот

Здравје

Понекогаш, непосредно пред да заспиеме, посегнуваме по чоколадо.

Еден од најомилените слатки во светот може да биде причина за неможноста да заспиете.

Имено, чоколадото содржи кофеин. Количината на кофеин што можеме да ја најдеме во чоколадото варира од тип до тип.

Чоколадото има и теобромин, кој исто така може да не држи будни токму кога ни треба сон. Теоброминот главно се наоѓа во зрната какао, а бидејќи е алкален, припаѓа на истото хемиско семејство како и кофеинот. Овие две соединенија го зголемуваат нашето уживање во храната, го зголемуваат нашето расположение и нивото на будност.

Колку е потемна чоколадата, толку повеќе кофеин и теобромин ќе најдете, пренесува “The List”.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.