Здрав пијалак: Дали некогаш сте пробале вода со цимет?

Богат со антиоксиданси и лесно се подготвува

Водата и циметот се моќен пар, а водата со цимет е вкусно и хидрантно освежување.

– Тоа во суштина е разладен чај од цимет, а се добива со врела вода во тенџере со свеж стап од цимет, а потоа се лади – вели готвачката и нутриционистка Серена Пун.

Пун го препорачува овој пијалок со здрава исхрана, одмор, вежбање и балансирање на хормоните.

Кои се придобивките?

– Додавањето цимет во вода не само што е хидратантно и вкусно, туку може да обезбеди и здравствени придобивки: овој пијалак е богат со антиоксиданси, има антиинфламаторни својства, е добар за здравјето на срцето, го намалува холестеролот и може да помогне при слабеење – вели Пун.

Кој не смее да го пие овој пијалак?

„Постојат неколку контраиндикации за цимет“, вели Пун.

Во високи дози, циметот може да биде лош за црниот дроб, затоа луѓето со заболување на црниот дроб треба да бидат внимателни. Исто така, ако земате лекови или имате хронична болест, добра идеја е да се консултирате со вашиот лекар.

Кога да пиете вода со цимет?

„Некои велат дека пиењето вода со цимет ноќе може да помогне во губење на тежината. Други се расправаат за ајурведскиот принцип дека пиењето топла вода го стимулира варењето. Може да ги испробате и двете“, вели Пун.

Како да се подготви вода со цимет?

Единствените состојки што ви се потребни се стапче свеж цимет и малку вода.

– Сварете малку вода, па изладете ја малку. Ставете стапче цимет и оставете да отстои околу 10 минути додека водата не порумени. Извадете го циметот и оставете да се излади целосно – вели Пун.

Прочитајте и: Секое утро на празен стомак испијте чаша од оваа напивка: Го забрзува метаболизмот, ја регулира работата на цревата и ги топи килограмите!

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.