Зошто вежбањето со шминка е толку лошо?

Вежбање со шминка – да или не? За многумина, самата помисла на тоа предизвикува одвратност, додека за други е незамисливо некаде да поминат без шминка.

Пред сè, важно е да знаете каков ефект врз вашата кожа има шминката што ја носите за време на вежбањето. Дали е во ред да носите пудра и друга шминка за време на вежбање? Кога вежбате, температурите на телото се зголемуваат и се отвораат порите за да се овозможи потта да ја разлади кожата. Ова е токму проблемот – дека производите на вашето лице ќе стигнат до отворените пори, а тоа може да доведе до осип и затнување на порите, што може да доведе до проблеми со акните или нерамна кожа.

Одговорот на ова може да бидат производи отпорни на пот, сепак, факт е дека повеќето од таквите производи се дизајнирани само со намера да ја одржат шминката на место, а не да ја заштитат вашата кожа. Дерматолог д-р Хиби Инџибар ве советува да избегнувате производи на база на масло, бидејќи тие би можеле да предизвикаат проблеми како што се затнатите пори, затоа задолжително барајте ги оние што ќе ѝ овозможат на кожата да дише и кои се направени од лесни или дишечки состојки за да спречите прекумерно затнување.

Изберете производи со добар заштитен фактор

Добриот заштитен фактор не ги затнува порите на ист начин како шминката, и доколку вежбате на отворено, задолжително користете го. Ако сте склони кон потење, набавете водоотпорен производ со заштитен фактор.
Без разлика дали носите шминка за време на вежбање или не, обидете се да не го допирате лицето за време на тренингот за да го ограничите контактот со микробите со отворени пори.

Веќе пишувавме, и ве потсетуваме дека јога-подлогата може да содржи бактерии кои потоа можете да ги префрлите на вашето лице, па затоа е важно да ја одржувате подлогата чиста.

Затоа, задолжително избегнувајте шминка за време на вежбање, бидејќи ако забележите промени во кожата на лицето по неколку тренинзи и знаете дека вежбате со шминка, верувајте ни дека тоа е токму тоа.

Прочитајте и: Длабоко хидрира и ги намалува знаците на стареење: Оваа маска од 3 состојки е спасител за кожата! (РЕЦЕПТ)

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе