Во 1970-тите години сите на плажа биле вити: Денес, момците и девојките гордо ги носат вишокот килограми, но причината за тоа е страшна!

Некогаш и сега

Дали се променил начинот на живот или луѓето едноставно кренале раце од себе?

Дали се сеќавате како изгледале вашите родители кога имале 30 и 40 години? Ретко кој имал вишок килограми.

Сите деца од одделението беа слабички, по цел ден играа ластик, пливаа, трчаа, возеа велосипеди…

Фотографијата на социјалните мрежи што прикажува луѓе на плажа кон крајот на 1970-тите години, ја воодушеви но и ја загрижи јавноста. Како е возможно тоа што сите на сликата се вити?

https://twitter.com/EricTheGrim2/status/1537685240336064516?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1537685240336064516%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fstil.kurir.rs%2Flifestyle%2F182505%2Fzasto-su-na-starim-fotografijama-sa-plaza-svi-ljudi-mrsavi

Писателот и колумнистот Џорџ Монбиот спровел истражување за да дојде до одговорот.

Открил дека луѓето, всушност, јаделе повеќе во 1970-тите за разлика од сега. Исто така, работата денес е потешка одошто била во 1970-тите. Децата денес се движат исто колку што се движеле и пред 50 години.

Но постои една важна разлика: открил дека луѓето денес јадат повеќе шеќер, што го има во многу производи.

Во минатото луѓето јаделе повеќе, но поинаку. Денес се купува двојно помалку свежо млеко, но пет пати повеќе јогурт, три пати повеќе сладолед и дури 39 пати повеќе млечни десерти, покажало неговото истражување.

Се купуваат двојно помалку јајца одошто во 1976 година, но за третина повеќе житарки за појадок и двојно повеќе грицки од житарки, се купува двојно помалку компир, но три пати повеќе чипс.

https://twitter.com/GeorgeMonbiot/status/1022438330611499009?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1022438330611499009%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fstil.kurir.rs%2Flifestyle%2F182505%2Fzasto-su-na-starim-fotografijama-sa-plaza-svi-ljudi-mrsavi

Додека директното купување шеќер нагло опаднало, шеќерот што го консумираме во пијалаците и преработените производи нагло скокнал.

„Не е случајно дојдено до оваа промена. Како што тврди Жак Перети во својот филм ‘Мажите што нè здебелија’, прехранбените компании имаат вложено големи средства во создавање производи што користат шеќер за да ги заобиколат нашите природни механизми за контрола на апетитот, како и во пакувањата и во промоцијата на овие производи. За да го уништат она што останало од нашата одбрана, вклучуваат и употреба на потсвесни мириси. Тие вработуваат армија од научници и психолози за храна, за да нè прелажат да јадеме повеќе одошто ни е потребно, додека нивните поддржувачи ги користат најновите откритија во невронауката за да го совладаат нашиот отпор“, тврди Џорџ Монбиот.

И што се случува сега? Поради големата количина на храна полна со скриени шеќери, прво страда црниот дроб, а потоа како несакана последица се појавува дијабетесот.

Речиси секој трет човек во Македонија страда од инсулинска резистенција. Па, како да се реши овој проблем? Јадете здраво, јадете по малку, движете се повеќе и не заборавајте:

„Не живејте за да јадете, туку јадете за да живеете.“

5 совети за постепено елиминирање на шеќерот од вашата исхрана: Јадењето слатки кога сте тажни не е добра идеја!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.