Цимет: Суперхрана за телото

Мирисот на цимет секогаш нè поврзува со сите оние вкусни десерти и колачи, а понекогаш и некои работи се незамисливи без овој додаток. И дали знаевте дека циметот се смета за „супер храна“ поради бројните лековити својства?

Се користи илјадници години, циметот е еден од најстарите зачини кои му се познати на човекот. Покрај тоа што се користел во бројни ритуали на вештерки во многу култури, а особено кај античките Египќани, Кинези и антички Римјани, античките народи биле остро свесни за лековитите својства на овој зачин.

Циметот со векови се покажа како корисен во лекувањето на голем број здравствени проблеми како што се менструални грчеви, артритис, настинки и варење, а модерната наука додаде и други корисни својства на списокот, како што се блокирање на воспалението и растот на бактериите и помагање во регулирање на шеќерот во крвта, поради што особено се препорачува кај дијабетичари.

Овој скоро волшебен зачин е богат со калциум, железо, манган и растителни влакна, а исто така содржи витамини Ц и К, магнезиум, селен и цинк. Исто така е заслужен за антибактериски и антифунгални ефекти, а покрај шеќерот во крвта, го регулира и нивото на маснотии и холестерол. Значи, следниот пат кога ќе направите кафе, пијалак или овошна салата, додадете нотка цимет, вашето тело ќе ви биде благодарно.

Прочитајте и: Смоквата е најдоброто овошје што можете да го јадете во моментов

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.