Ова е омилената житарка на Јелена Ѓоковиќ: Максимално го зајакнува имунитетот, ги исфрла токсините и ги топи маснотиите!

Многу корисна за организмот

Оваа житарка е задолжителна на нејзината трпеза

Исхраната на семејството Ѓоковиќ е честа тема, а Новак се најде во центарот на вниманието кога го исфрли месото од исхраната, што му помогнало да го сочува здравјето и физичката форма.

Исто како Новак, и Јелена ја сменила својата исхрана, а и неколку пати зборувала на таа тема. Нејзината исхрана се базира на житарки и најчесто користи киноа.

Многумина ја користат киноата како замена за месо, бидејќи изобилува со витамини и минерали и многу е хранлива. Содржи многу повеќе протеини, витамини Б, влакна и минерали од многу други житарки.

Ако ја јадете со некое вариво, речиси и нема да ја забележите разликата помеѓу оваа житарка и месото.

Она што е важно да се спомене е дека киноата ги содржи сите осум аминокиселини што му требаат на човекот, за разлика од другите житарки кои содржат најмногу три. Дури и Обединетите нации ја прифатиле киноата како суперхрана.

Исто така, киноата не содржи глутен и многу е лесна за варење.

Киноата помага при варењето, а со самото тоа добра е за слабеење, ги исфрла наталожените токсини и поволно влијае врз имунитетот.

Народната медицина ја користи киноата и за лекување кожни болести, реума, а поради високата содржина на калиум, таа позитивно влијае и врз кардиоваскуларниот систем.

Ова е диетата благодарение на која Кајли Џенер симнала 20 кг за неколку месеци
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.