Ова е диетата благодарение на која Кајли Џенер симнала 20 кг за неколку месеци

Наталожени за време на првата бременост

Фото: Getty Images

Диетата што ја практикувала ријалити-ѕвездата не вклучувала физичка активност, што посебно ѝ се допаднало.

Кајли Џенер (24) е бремена со второто дете, но кога во февруари 2018 година ја роди ќерката Сторми (3), набрзо ја изненади јавноста со враќањето на старата линија.

Доби многу комплименти, а многумина се прашуваа како толку брзо се трансформирала.

Најмладата милијардерка на светот и сопственичка на козметичката империја тогаш истакна дека е среќна бидејќи успеала да се ослободи од 20-те килограми наталожени за време на бременоста, а целта ѝ била да изгуби барем половина за три месеци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner)

Кајли призна дека во слабеењето ѝ помогнале диети бидејќи не сака физичка активност. Покрај тоа, таа не го прифатила советот на експертите кои велат дека е потребно најмалку една година за телото да се врати во состојбата пред бременоста.

Јас сум природно слаба личност како мојата сестра Кендал. Не баш како неа бидејќи има статус на модел, иако јас секогаш имав многу рамен стомак. Конечно го вратив неодамна. Мислам дека има многу врска со исхраната. Обожавам да јадам пица, тестенини, многу видови храна, но се откажав од се’“, изјави ријалити-ѕвездата во 2018 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner)

Јадев јајца и мислам дека тоа ми помогна. Ги јадев трипати на ден, иако не можам да ги поднесам. За време на бременоста јадев многу храна и затоа ми рекоа дека носам девојче. Кризирав и за благо и за солено. На крајот се покажа дека носам ќерка“, додала Кајли.

Џенер објасни дека не е личност која јаде обилен појадок со житарки. Наутро има навика да пие сок од целер и чува залихи од тој пијалок во фрижидер. Потоа јаде јајца, авокадо и сланина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner)

Најчесто за ручек на менито има пилешко со многу зеленчук или бифтек со спанаќ, но понекогаш бира според расположението. Сепак, се труди да има здрава храна на своето мени.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.