Не постои побрза диета од оваа: Со вкусни намирници до рамен стомак за само еден ден!

Ги прочистува цревата

Ви откриваме мени за најбрзата диета на светот која ги прочистува цревата и ги топи килограмите

Постојат разни диети што гарантираат намалување на килограмите, но треба да се напомене дека практикувањето одредени диети не е здраво. Најздравата опција е корекција на исхраната во комбинација со физичка активност.

Сепак, за оние што сакаат инстантно да ослабат или барем да изгледаат послабо за одредена пригода, постои „брза диета“. Имено, брзата диета се практикува еден ден, а најмногу три.

Ја користат дамите што сакаат да ослабат брзо за некоја посебна пригода, а трикот е во тоа да се јаде храна сиромашна со влакна, која желудникот брзо ја вари. На тој начин се губат масните клетки, но се намалува и подуеноста, поради што веднаш ќе изгледате послабо.

„Сосема е возможно да се израмни стомакот за 24 часа. Мојата диета веќе им има помогнато на бројни актерки и манекенки, а ја користат и девојки пред првото рандеву, на пример“, открила Моника Гренел, авторката на модерната верзија на оваа диета.

Ова се златните правила:
  • Јадете помали оброци, но на секои три часа, дури и ако тоа е само чаша јогурт или млеко.
  • Не џвакајте гума за џвакање и не зборувајте додека јадете. Ако пушите, тој ден исфрлете ги цигарите. Проголтаниот воздух е најголемиот виновник за подуеноста.
  • Одбегнувајте газирани пијалаци и општо напивки со меурчиња. Тука спаѓаат дури и матените кафиња, капучиното и сè друго што содржи пена.
  • Строго придржувајте се до мените. Само залаче храна што не е дозволена, како што се грицки, парче леб или грст бадеми или ореви, ќе ги уништи резултатите.
  • Важно е да пиете многу течности, но немојте да се налевате, пијте во мали голтки. Од течности, дозволени се вода, кафе и кафе со млеко.
Мени:
  • Појадок: малку јогурт, кајгана од две јајца или мала чинија младо сирење.
  • Ужина: мала чаша јогурт.
  • Ручек: конзерва цедена туна со младо сирење или 40 г димен лосос со малку младо сирење.
  • Три часа по ручекот: кафе со млеко.
  • Вечера: или една од опциите за ручек или омлет од две јајца со две лажици свежо сирење.

За ужина, само ако сте многу гладни, испијте чаша топло млеко. Тоа ќе го смири желудникот и ќе ви помогне да заспиете.

Најпознатиот доктор ја смислил најдобрата диета во светот: Килограмите се топат, а може да јадете и навечер!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.