Храна што ќе ви помогне да ја одржувате енергијата во текот на денот

Фото: Unsplash

Некои намирници можат да го подигнат нивото на енергија подобро од кофеинот, а спаѓаат во групата јаглехидрати, богати се со растителни влакна и се варат побавно, со што се обезбедува континуиран проток на енергија!

Овие четири намирници помагаат во одржување на енергијата во текот на денот.

Пуканки

Пуканките имаат малку калории, маснотии, шеќер и натриум. Тие се добар антиоксиданс и можат да ја задоволат потребата за енергија. Пуканките се храна која повеќето ја сакаат, а се конзумира сама или во комбинација со јаткасти плодови.

Путер од кикирики

Доколку немате енергија од путер од кикирики е идеална храна за вас. Путерот од кикирики е добар извор на протеини и влакна. Не ги менува нивоата на шеќер во крвта и е совршен за губење на тежината. Консумирајте две лажици, двапати неделно и ќе ослабете.

Банани

Бананите се богати со калиум и помагаат во одржување на потребната енергија. Доколку вашата диета го содржи ова вкусно и здраво овошје, го збогативте вашето мени со храна што содржи многу хранливи материи потребни за нормално функционирање на организмот. Покрај тоа што позитивно влијае на здравјето, бананата може да послужи како гориво за тренинг или извор на енергија за извршување на секојдневните задачи.

Слатки компири

Слатки компири се консумираат низ целиот свет. Богато е со растителни влакна и витамини А и Ц, како и магнезиум и железо, како и калиум. Иако слаткиот компир има сладок вкус, тие не содржат додаден шеќер.

Прочитајте и: Насмеани за време на диетата… Како? Вака!

 

ФОТО: Unsplash

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.