СКАНДАЛОЗНО: Позната манекенка му го уништува бракот на Новак Ѓоковиќ!

Секс-афера

Новак Ѓоковиќ стана тенисер со најголем број недели поминати на првото место на АТП-листата и по тој повод беше организирана прослава, која лесно можеше да заврши со скандал, кој би можел да го чини Ноле репутацијата и бракот.

Како што дознава „Свет“, во целата приказна требало да биде замешана една девојка, која, доколку ја исполни задачата и го вовлече тенисерот во секс-афера, ќе биде богато наградена.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

Познавам лик од Белград што се занимава со се’ и сешто и кој патува низ светот и прави се’ за добар хонорар. Нему му се јавиле од Англија да најде слатка, атрактивна девојка која би го завела Ѓоковиќ, одвела во кревет и би снимила се’. Тој дури има и некој лудилостан за тоа, камерите нема шанси да ги видите… И, најде девојка, вистинска бомба, но плановите му се изјаловиле бидејќи Англичаните му дале краток рок да организира се’. Ја контактирал манекенката Наталија Шќекиќ, која прво помислила дека станува збор за некакво сликање или кампања. Колку што знам, се сретнале на ручек, прво се’ звучело супер, а кога ѝ кажал за што станува збор, мислам дека само што не се онесвестила бидејќи не е во тој филм. Колку што се сеќавам, требало да добие 50.000 фунти, но сепак одбила“, раскажува изворот за „Свет“.

По кратко истражување, новинарите на „Свет“ дошле до споменатата девојка, која прво се шокирала кога дознала зошто ја бараат…

Ништо не направив, станува збор за недоразбирање. Грешка“, прво одговорила манекенката, но по деталното објаснување од страна на новинарите, долучила да ја раскаже приказната:

Во ред, вистина е дека ме контактираше еден лик, кого го познавам од градот и кој важи за сериозен менаџер. Знам повеќе работи што ги има организирано и сите се во ред. Кога ми закажа средба, мислев дека се работи за некој професионален ангажман, сликање или онлајн-ревија во странство. Но кога ми кажа за што станува збор, прво помислив дека е скриена камера, бидејќи ми кажа дека треба да го заведам Новак и да го снимам сето тоа, а ќе бидам наградена со 50.000-60.000 евра, плус патување каде што сакам. Се смеев и чекав да каже дека станува збор за виц или шега, но човекот беше мртов-сериозен. Искрено, се почувствував навредено и понижено. Ми дојде да го удрам или полијам со вода, но се воздржав бидејќи бевме на јавно место. Си ги собрав работите и си заминав. Се надевам дека не нашол друга девојка што ќе прифати да го направи тоа затоа што тоа не е фер кон Новак. Тој е нашиот најдобар амбасадор во светот, момче за пример, семеен, не заслужва некој да го извалка на таков начинс амо заради пари“, искрена беше Наташа.

Фото: Инстаграм, Svet&Scandal

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.