Има некоја тајна врска: Психолошки проблеми и дебелина

Пред сѐ, неопходно е освестување за своите психолошки проблеми. Тогаш ќе можете да ги промените однесувањето и навиките во исхраната.

Кога некој човек не добива доволно љубов и душевна топлина, почнува да се наградува себеси со храна, т.е. менталниот глад да го гаси со изобилство храна, која обично содржи јаглехидрати. Панкреасот не може да издржи таков товар долго време. Како резултат на тоа се јавуваат дијабетес, панкреатитис или дебелина.

Кај луѓето што се веќе дебели чувството за ситост често отапува и застапено е едно од следните видови однесување кога е во прашање исхраната:

* Јадење како одговор на ненадеен напад. Апетитот се јавува одненадеж, храната се вари во екстази (таквата состојба е слична на пијанство), притоа станува збор за огромно количество храна.

* Постојано јадење. Апетитот се појавува наутро и останува во текот на целиот ден. Лицето секогаш сака да јаде и постојано јаде.

* Ноќно јадење. Гладот се зголемува дури предвечер и не доаѓа до чувство на ситост. Лицето дури се буди ноќе, јаде и повторно легнува да спие, а утрото нема апетит. Недостигот од љубов е сроден на гладот, но храната, секако, нема да ја замени.

Затоа е потребно, пред сѐ, освестување за своите психолошки проблеми. Тогаш ќе можете да ги промените однесувањето и навиките во исхраната.

ПОТСЕТНИК

КОНСУМИРАЈТЕ… … умерено шеќер. Препорачано количество (рамна лажичка = пет грама): за жени – 24 г на ден; за мажи – 36 г.

ЗАПОМНЕТЕ… … скриениот шеќер е насекаде (дури и во навидум здрави производи), затоа читајте ги етикетите на намирниците.

 

Фото: Pexels

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.