Спас од отровните дезедоранси: Направете домашен со само три состојки

Еве како!

Отровните хемикалии кои се пронајдени во дезедорансите против потење играат голема улога во раѓањето карцином на дојка, потврдува научната студија од 2016 година, па некои земји како Швајцарија потполно ја забранија употребата на овие средства.

Алуминиумската сол во активните состојки кои се користат во производството на многу антиперспирантни производи на пазарот, помагаат во спречувањето на претераното потење и отстранувањето на миризбата на телото. Токсичната хемикалија делува така што се растопува за време на потењето и ја блокира работата на жлездите.

Ви носиме еден едноставен рецепт кој можете да го подготвите во домашни услови против потење кој ќе го обожавате.

Домашен дезедоранс од три состојки

Измешајте 4 супени лажици сода бикарбона и 4 лажици аруправ во мала чинија (скроб од растенитео Маранта). Заедно со тоа измешајте 4 лажици кокосово масло додека не се сврзат состојките. Ако сакате, додадете околу 20 капки етерично масло од лимон, лаванда или рузмарин. Истурете ја смесата во посакуваната форма.

Како да го чувате и нанесувате дезедорансот?

Истурете ја топлата смеса во мини силиконски калапи за мафини. Кога ќе се олади, внимателно стиснете да убаво излезе. Држете ги на суво и ладно место. Втријте директно на пазувите. Истурете ја топлата смеса во старо шишенце со антиперспирант купен во продавница за лесно користење. Топлата смеса истурете ја во мали, плитки калапи и премачкајте ја со прстите. Рок на траење е една година, на темно и поладно место.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.