Селебрити убавина: Златните правила за негувана и блескава кожа

Тајните на познатите дами

Селебрити дерматологот, д-р Харолд Ланцер, кој води грижа за кожата на Ким Кардашијан, Викторија Бекам и Бијонсе, открил 10 златни правила за блескава и негувана кожа

Селебрити дерматологот, д-р Харолд Ланцер, кој води грижа за кожата на Ким Кардашијан, Викторија Бекам и Бијонсе, открил 10 златни правила за блескава и негувана кожа.

1. За време на спиењето се забрзува произведувањето на колаген во нашата кожа, така што многу е важно да имате редовен и здрав сон.

2. Не се бањајте со жешка вода, бидејќи таа ја суши кожата. Се препорачува млака вода за туширање.

3. За хигиена на кожата на лицето, важно е навлаката на перницата на која спиете да ви биде чиста. Менувајте ја навлаката барем двапати седмично, а за перење одберете што е можно понежен детергент.

4. Бидете доследни во својата бјути рутина и редовно правете пилинг, со помош на кој ќе ги отстраните мртвите клетки од површината на вашата кожа.

5. Збогатете ја вашата исхрана со протеини, бидејќи и тоа како им се потребни на вашата кожа, коса и нокти.

6. Потрудете се да го намалите консумирањето на шеќери и соли, бидејќи, покрај тоа што ѝ штетите на вашата инија, ѝ штетите и на вашата кожа. Вишокот соли се исфрлуваат преку потење, кое се одвива на површината на кожата, што доведува до појавување акни.

7. Не го допирајте лицето, бидејќи на тој начин поттикнувате појавување на „црнки“.

8. Редовно чистете го вашиот мобилен телефон со медицински алкохол, бидејќи и преку него пренесувате голем број бактерии на кожата на лицето.

9. Внесувајте многу вода во организмот. Хидратацијата е клучот за убава кожа.

10. Во исхраната додадете краставици. Поради големиот процент на вода, која ја содржи во составот, таа е одлична за вашата кожа. Исто така, парчиња краставица ќе го смират и опорават вашето лице од подочници.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.