Професионалците ве советуваат како да постигнете боја од најлуксузниот фризерски салон… САМИ ДОМА!

Дознајте од прва рака!

Применете ги овие четири чекори кога се бојадисувате дома и успехот во е гарантиран.

Бојадисувањето на косата е еден од најлесните, но и најефектните начини да го освежите својот изглед. Но многу жени не се осмелуваат на овој чекор дома – поради потенцијалните катастрофи. Кога станува збор за посета на фризерски салон, тогаш обично цените се превисоки, извесно е и долго чекање, а позитивниот резултат од бојадисувањето не е секогаш гарантиран.

Од друга страна, бојадисувањето во домашни услови може да остави трајна трага на вашата омилена облека, а може да се случи и да излезете од дома со боја а ла зебра! Значи, потребни ви се професионални совети за бојадисување на косата!

Применете ги овие четири чекори кога се бојадисувате дома и успехот во е гарантиран!

 1 Направете мала проба Пред бојадисувањето, нанесете од бојата на „скриено“ перче (зад увото) за да проверите дали е тоа бојата што ја посакувате.

2 Заштитете ја косата За да не ја обоите кожата, втријте малку вазелин во линијата на растот на косата и, се разбира, носете ракавици!

3 Правилно нанесувајте ја бојата

Насочете го апликаторот од шишенцето со бојата кон темето. Бојата нанесувајте ја од коренот кон краевите, а потоа исчешлајте ја косата.

4 Мерете го времето Наместете аларм ако е потребно. Почекајте да помине назначеното време во упатството за бојадисување. Потоа измијте ја косата со млака вода.

Ако ве загрижува… СКАПАТА ЦЕНА НА УСЛУГИТЕ

Распрашајте се за цените за бојадисување на косата во вашиот град. Ако првпат се бојадисувате, изберете искусна фризерка и не жалете да платите и малку повеќе пари. Следното бојадисување (на израстокот) може да го направи и некоја друга фризерка, во салон со пониски цени, а можете и вие дома. За подолго одржување на сјајот на бојата еднаш неделно применете го овој трик: по миење и употреба на регенератор, косата измијте ја со чаша вода во која сте додале лажичка јаболков оцет. Потоа уште еднаш измијте ја косата со вода (мирисот на оцетот сосема ќе исчезне!).

Ако ве загрижува… ВДИШУВАЊЕТО АМОНИЈАК

Денешните бои за коса не содржат амонијак, така што можете да ја избегнете оваа непријатност. Со овие нови формули освен што нема да вдишувате амонијак, тие се и помалку штетни за косата.

 Ако ве загрижува… ОШТЕТУВАЊЕТО НА КОСАТА

Семиперманентните бои за коса се понежна алтернатива. Тоа помалку го оштетуваат влакното, бидејќи не продираат во подлабоките слоеви. Ако сепак сакате да примените трајна боја, можете да употребувате препарати што содржат хидрирачки состојки, особено оние што содржат масла. Исто така, еднаш неделно ставајте маска на косата, а пред бојадисувањето косата испрскајте ја со заштитно средство.

Ако ве загрижува… ХАОСОТ

Клучна е соодветна подготовка за бојадисување. Облечете стара памучна маица што ќе ја носите само кога се бојадисувате. Покријте ја површината на која ќе ја мешате бојата, а садот држете го со стара крпа, кеса или со весник. Пред да почнете со постапката, прочитајте кои реквизити ви се потребни –  четка, чешел, огледало, ракавици. Сега можете да ги испробате и боите во пена, кои се многу попрактични, бидејќи нема капење и прскање!

Текст: Убавина и здравје

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.