Кокосово масло и орална хигиена: Како се користи во негата на забите?

Има некоја тајна врска...

Кокосовото масло и оралната хигиена во последно време постојано се поврзуваат, но дали навистина имаат некаква врска, истражуваме во продолжение на овој текст.

Големи се шансите овие денови да наидете на производи за нега на забите на база на кокосово масло. Покрај пастата за заби, ова масло се повеќе е присутно и во другите производи, како за плакнење на устата, па и конци за заби кои содржат кокос. Исто така, кокосовото масло веќе некое време има етикета на природен избелувач на забите.

Нас нè интересираше колку е всушност здраво да се користи ова масло во оралната хигиена.

Кокосово масло и орална хигиена

Покрај популарното мислење, за жал, стоматолозите се согласуваат дека кокосовото масло само по себе не е ефикасно во одржувањето на здрави и бели заби. Ова масло не содржи никакви состојки кои ги избелуваат забите, а луѓето кои почнале да го користат, едноставно почнале и повеќе внимание да посветуваат на оралната хигиена. Со самото тоа, велат лекарите, почнало да им делува и да ги избелува забите, а непцата им биле уште поздрави.

Единствен начин да се избелат забите е да се користи хидроген перкосид, но тоа не се препорачува на своја рака.

Како се користи кокосовото масло во негата на забите?

Сепак, не е се црно и бело. Имено, истражувачите покажаа дека луѓето кои нанесувале кокосово масло секој ден (oil pulling), им допринело да имаат поздрави заби, бидејќи маслото го спречува создавањето наслаги и гингивитис, осносно воспаление на непцата.

Да биде уште поефикасно, кокосовото масло би требало да се нанесува наутро, пред да го испиете првото кафе, околу 20 минути. Имајте на ум да користите чисто кокосово масло, без додадени хемикалии.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.