Јапонски експерт за слабеење открива: Оваа вежба за истегнување го отстранува салото од стомакот и ја лекува болката во половина!

Пробајте, не може да ви наштети!

Со оваа вежба се активираат мускулите на стомакот, грбот и внатрешната страна на бутовите

Многу луѓе поголемиот дел од времето го минуваат седејќи, претежно поради природата на работата со која се занимаваат.

Но без физичка активност, нашето тело станува помалку подвижно и почнува полека да акумулира вишок маснотии. Сето тоа може да повлече и сериозни здравствени проблеми и затоа треба да се обидете да одвоите време барем за полесни вежби.

Денес, ви претставуваме едноставна вежба што ја предложува Тамајо, јапонски експерт за слабеење.

Станува збор за вежба за истегнување, која помага да се активираат мускулите на абдоменот и грбот, кои се зајакнуваат со затегнувањето. Покрај тоа, оваа вежба активно делува и на внатрешната страна на бутовите. Вежбата навистина е ефективна!

Како се изведува вежбата:

Застанете со широко раширени нозе, со стапалата насочени кон надвор. Ножните прсти и колената се свртени во истата насока. Свиткајте ги нозете во колена. За да одржите рамнотежа, ставете ги рацете на нив.

Почнете со изведување на вежбата. Прво, наведнете се нанапред, свртувајќи го десното рамо налево и навнатре, при што левото рамо оди наназад.

Ќе почувствувате како се истегнуваат мускулите на бутовите, половината и грбот. Задржете се во оваа положба 3 секунди, па вратете се во почетната положба. Повторете го истото и во другата насока.

Движењата треба да ги направите полека и внимателно и цело време треба да чувствувате напнатост на мускулите. Правете ја вежбата 2 пати дневно по 10 повторувања.

По 2-3 недели редовно вежбање, ќе забележите дека салото од половината полека исчезнува, а по само неколку дена, ќе почувствувате како грбот ви станува поподвижен и како болката исчезнува.

Оваа вежба е незаменлива за сите оние кои многу седат!

Во видеото погледнете како точно се изведува вежбата.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.