Велат дека ова е неприфатливо, невкусно и трагично: Ако имате повеќе од 40 години, заборавете на овие модни парчиња!
Дали се согласувате?
Секако дека облекувањето треба да се приспособи на годините до одредена мера, но дали навистина мора да се придржуваме до овие правила?
Времето минува, трендовите и модата се менуваат, а ние неминовно старееме. Како што изминуваат годините, гардеробата што некогаш правела да изгледаме модерно и сексапилно, сега може да има сосема спротивен ефект. Модните стилисти и експерти за мода велат дека слободно можете да заборавите на одредени модни парчиња по 40-тата година.
Ви откриваме листа на модни артикли и додатоци кои според експертите, но и јавното мислење, не им прилегаат на жените кои имаат повеќе од 40 години.
1. Редовно носење клач-чанта
View this post on Instagram
Младите девојки можат да носат клач-чантички како секојдневен моден додаток. По 40-тата година, подобро е да ги носите само за специјални пригоди. Дајте им предност на мини-чантите во обичните денови.
2. Алки со приврзоци
View this post on Instagram
Овие алки честопати им се многу важни на нивните сопственички поради убавите спомени на некои настани или сакани личности. Меѓутоа, овој тип моден додаток може да изгледа детски, па подобро е да заборавите на нив во зрелата доба.
3. Чорапи во јаки бои
View this post on Instagram
Само ученичките можат да си дозволат да носат вакви чорапи. Жените во нив може да изгледаат комично, ако не и трагично.
4. Машки дуксери
View this post on Instagram
Тинејџерките изгледаат ситно и ранливо во ваква облека. Возрасна жена едноставно не изгледа добро облечено во ваква облека. Подобро одбирајте гардероба во вашата големина.
5. Безоблични кардигани
View this post on Instagram
Не постои кардиган што може да го замени добро скроеното сако во неутрална боја. Па затоа, слободно кажете им збогум на широките блузи и кардигани.
6. Тинејџерски фустани
View this post on Instagram
Ако фустанот добро ви стоел 10 години и сте добивале комплименти, не постои гаранција дека така ќе биде и откако ќе ја надминете 40-тата година.
7. Облека со симболи на спортски тимови и музички групи
View this post on Instagram
Ако навистина сте обожаватели на некој спортски тим, одбегнувајте да носите облека со нивното лого до следниот натпревар. Меѓутоа, ако купувате облека со симболи на бендови или спортски екипи само затоа што ви изгледа кул, подобро е да размислите уште еднаш за ова.
8. Капи со бушаво топче
View this post on Instagram
Ова е истиот случај како со чорапите во боја и многу е тенка линијата помеѓу фасцинација и комедија.
9. Панталони со неодредена големина
View this post on Instagram
Ваквите панталони многу ретко му стојат убаво некому, вклучувајќи ги и жените со повеќе од 40 години. Најдобро е да заборавите дека воопшто постојат.
10. Скинати фармерки
View this post on Instagram
Иако скинатите фармерки веќе долги години се тренд што не стивнува, стилистите и модните експерти сметаат дека тие никако не им прилегаат на дамите што зачекориле во петтата деценија и дека во нив изгледаат несериозно и невкусно.
Дали вие се согласувате со овие модни сугестии поврзани со годините?