Само една кралица може да облече барби розова боја и да изгледа беспрекорно: Овој крој на фустан ѝ стои на секоја жена!

Како ви се допаѓа?

Шпанската кралица Летиција важи за олицетворение на добриот стил и верна им е на едноставните, одмерени комбинации, но од друга страна, таа е една од ретките жени во кралските семејства што ги поместува границите на стилот и се осмелува да облече парчиња што други дами не би ги одбрале

Убавата бринета неодамна, со сопругот Фелипе, присуствувала на доделување награди во областа на убавите уметности во градот Памплон, а сосема очекувано, сите очи биле вперени во нејзиното елегантно, префинето издание.

Летиција одбрала фустан со женствен А-крој и миди-должина, а оваа креација ја потпишува брендот Moises Nieto и цената ѝ е околу 350 евра. На прв поглед станува збор за сосема едноставен, секојдневен модел, но она што го направило овој избор посебен е впечатливата боја.

Имено, славната Шпанка се одлучила за интензивна розова боја, која е голем тренд оваа пролет, но е многу редок избор за благородничките во Европа и во светот. Оваа дречлива нијанса, жените со деловен, софистициран стил, најчесто ја одбегнуваат од страв да не остават несериозен впечаток, но Летиција докажала дека со суптилни детали и со вистинскиот крој, и розовата може да биде добар избор за поформални пригоди.

Таа го заокружила стајлингот со салонки во светлобеж боја, а ни се допаднаа и нејзината обетки со розови и зелени кристали. Бујната, долга коса ја навиткала во благи кадрици – нејзината веќе препознатлива фризура.

Што мислите за ова нејзино издание?

Фустан од 2.000 денари и боја што не излегува од мода: Кралицата Летиција ја подигнува секоја комбинација со помош на деталите!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.