Врв на елеганцијата и едноставноста: Џулија Робертс ги распаметила присутните на Оскарите во ова издание!

Заблескала

Холивудската актерка воодушевила со својата елеганција на 91-вото доделување Оскари во Лос Анџелес

Џулија Робертс (51) на овогодишното доделување Оскари се нашла во улога на еден од водителите на церемонијата, а за таа задача одбрала раскошна креација.

„Убавата жена“ го прогласувала добитникот во категоријата за најдобар филм „Зелената книга“ и излегла на бина во розов фустан со асиметричен крој со потпис на либанскиот дизајнер Ели Саб.

Тоалетата ја искомбинирала со сандали на Стјуарт Вајцман и накит од тајванската дизајнерка Синди Чао.

Оскаровката од 2001 година својата бујна коса ја стилизирала во бранови со дискретна шминка, која ја истакнала нејзината природна убавина.

Не ја симнувала од лице широката насмевка по која е препознатлив, што го подигнала комплетниот стајлинг на уште повисоко ниво.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.