Софија Лорен (88) се појавила во најубавото издание досега: Жените полудеа по нејзиниот стајлинг!

Сите ги изненадила со поводот

Престолнината на Италија била хипнотизирана од нејзината убавина

Филмската дива Софија Лорен (88) по повеќе од половина година повторно се појавила во јавност и тоа по многу силен повод. Оваа дама не застанува ни на крајот од деветтата деценија, па започнала нов бизнис. Имено, во центарот на Милано отворила ресторан што го носи нејзиното име, а овој настан собрал голем број гости од италијанскиот џет-сет.

Безвременската убавица пристигнала во придружба на синот Карло Понти Помладиот и преслатките внучиња Беатриче и Виторија, со кои гордо позирала. Кога се појавила, сите биле маѓепсани од нејзиниот дамски изглед, што го потврдува фактот дека на Софија годините не ѝ можат ништо.

За оваа пригода одбрала бел костим со класичен крој, како и сатенска блуза во истата боја. Целата комбинација ја зачинила со црни салонки и впечатливи детали. Секако, тоа биле предимензионираните очила за сонце, кои се нејзиниот заштитен знак, а покрај тоа, особена елеганција на овој стајлинг му дал и накитот – раскошен ѓердан и обетки од истиот комплет.

Живата легенда на италијанскиот филм, како што ја нарекуваат бројни обожаватели, повторно докажала зошто со децении важи за една од најголемите дами на светот. А нејзиниот совет за убавина гласи:

„Јас сум голем фан на органското, девствено маслиново масло. Секојдневно го користам во исхраната, но и за нега на кожата, поточно како хидратантен дневен крем и наместо ноќните кремови и млека за тело. Тоа е богато со антиоксиданси, особено со витамин Е, кој го забавува процесот на појава на брчки. Маслиновото масло е тајната на мојата убавина“, заклучила таа.

Софија Лорен и Џенифер Лопез се согласуваат: Сите ја имаме оваа состојка дома, а тие тврдат таа дека го забавува стареењето!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.