Софија Лорен и Џенифер Лопез се согласуваат: Сите ја имаме оваа состојка дома, а тие тврдат таа дека го забавува стареењето!

Задолжително прочитајте!

Оваа медитеранска билка ја подмладува и ја негува кожата, ја зајакнува нејзината природна бариера, ѝ дава еластичност и блескавост и спречува појава на брчки

Легендарната Софија Лорен, која оваа година полни 87 години, а никогаш не правела пластични операции ниту ставала ботокс, изјавила дека извор на младоста се вашиот ум, талент и креативност. Но она што ѝ помогнало целиот живот да изгледа младолико, покрај талентот и креативноста, е маслиновото масло.

„Јас сум голем фан на органското, девствено маслиново масло. Секојдневно го користам во исхраната, но и за нега на кожа, поточно како хидратантен дневен крем, наместо ноќен крем и млеко за тело. Тоа е богато со антиоксиданси, особено со витамин Е, кој го забавува процесот на појава на брчки. Маслиновото масло е тајната на мојата убавина“, изјавила актерката, која отсекогаш се сметала за една од најубавите жени на светот.

Во оваа состојка што сите ја имаме дома се колне и Џенифер Лопез, која влегла во петтата деценија, а кожата ѝ изгледа сè поблескаво и поеластично. Ни таа никогаш не користела ботокс, а за маслиновото масло го кажала следново:

„Имам испробано сè, и козметика од аптеки и најскапите кремови на светот, не секогаш им се враќам на тајните што ми ги откри мајка ми кога бев млада. Маслиновото масло е лек за кожата, косата, ноктите… Тоа е магична состојка од природата. И навистина, тоа на мојата кожа ѝ го дава тој волшебен сјај“, изјавила таа во рекламното видео за својата колекција за убавина, која содржи производи на база на маслиново масло.

И Џенифер Лопез се колне во неговата моќ: Ако се користи на овој начин, маслиновото масло може да ги подобри кожата и косата
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.