Ретро-гламур: Еве зошто сите погледи беа вперени во популарната актерка на црвениот килим (ФОТО)

Дали ви се допаѓа?

Зендаја „оживеа“ фустан стар 30 години!

Популарната актерка Зендаја, која важи за икона на стилот, блесна во винтиџ-фустан на Валентино, кој воодушевува со едноставниот крој и класичниот дизајн.

Имено, за промоцијата на втората сезона на серијата „Еуфорија“, Зендаја избра фустан стар 30 години, кој светот првпат го виде на ревијата на Валентино во 1992 година.

Фустанот е моден класик – тесен, без прерамки, со црно-бели хоризонтални риги.

Пред 30 години го носеше легендарната манекенка Линда Евангелиста, која во тоа време имаше црвена коса, па Зендаја ѝ оддаде почит со слична фризура.

ImageСтилистот на Зендаја, Ло Роуч, уште еднаш направи извонредна работа, а суптилната шминка и нуд-маникирот на актерката го придружуваа ефектниот фустан.

Image

Фото: Инстаграм, Твитер

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.