Кејт Мидлтон го користи овој трик со години: Вака нозете изгледаат подолги и потенки!

Погледнете

Кејт Мидлтон, принц Чарлс и Камила се појавиле на првата заедничка кралска должност како трио. Го посетиле центарот за уметност и култура што го води фондацијата на принцовите, сместен во уметничкиот комплекс Trinity Buoy Wharf на реката Темза во Лондон

Војвотката од Кембриџ, заедно со сопругот, принц Вилијам, многу пати била дел од заедничките должности со принцот од Велс и војвотката од Корнвол, но ова е нивното прво заедничко појавување без Вилијам.

Во добро расположение, Кејт, Чарлс и Камила, пристигнале во центарот Trinity Buoy Wharf, а убавата војвотка веднаш украла погледи во сивиот фустан-капут од модната куќа „Кетрин Вокер“. Парчето изгледа многу познато, што не е чудно, бидејќи Кејт го носела веќе неколку пати, помеѓу другото и во март 2019, кога го посетила музејот Foundling.

Совршено скроениот фустан освојува со чистиот, елегантен дизајн, а шиен е специјално за војвотката од Кембриџ. Станува збор за модел што се вика фустан-капут, бидејќи кројот потсетува на капут. Моделот е изразено струкиран, во горниот дел тесно се припива до телото, додека долниот дел убаво се шири, има фалти и достигнува до колената. Црниот околувратник ѝ дава убав контраст на сивата боја на фустанот, како и ременот со црно копче, што дополнително го нагласува тесниот струк на 40-годишната војвотка.

Ова модно парче веќе е класика во плакарот на Кејт Мидлтон, како другите фустани и капути со потпис на модната куќа „Кетрин Вокер“, што често ги носи. Облеката на француската дизајнерка со лондонска адреса, Кетрин Вокер, која починала во 2010 година, обожавала да ја носи и принцезата Дајана, а оваа љубов очигледно ја наследила и Кејт.

Дебелите црни хулахопки и црните чевли со блок-потпетица на „Џанвито Роси“, кои исто така често ги носи, совршено се вклопиле со фустанот, а благодарение на тоа што бојата на чевлите се стопила со бојата на најлонките, дополнително ѝ се издолжиле нозете и изгледале уште повити. Црната мини-чантичка на луксузниот британски бренд Малбери беспрекорно го заокружила софистицираното модно издание на Кејт Мидлтон.

Розово издание на војвотката од Кембриџ: Кејт Мидлтон го разубавила тмурниот ден во Лондон со својот моден избор!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.