Розово издание на војвотката од Кембриџ: Кејт Мидлтон го разубавила тмурниот ден во Лондон со својот моден избор!

Како ви се допаѓа?

Војвотката од Кембриџ била вистинско освежување за време на тмурниот ден во Лондон. За својата посета на едно училиште во северниот дел од градот, таа одбрала весел розов капут, а во истата боја била и ролката што ѕиркала под него

Како и секогаш, за своето појавување во јавност, 39-годишната војвотка од Кембриџ ја приспособила својата модна комбинација за пригодата. Овој пат станувало збор за нејзината официјална посета на едно средно училиште во северниот дел на Лондон, каде што пристигнала добро расположена и покрај лошото и тмурно време.

За дружењето со средношколците, Кејт Мидлтон одбрала црни панталони од костим што ги искомбинирала со розов капут и ролка во истата боја, додека на нозете имала салонки од антилоп на високи потпетици.

Таа комбинација дополнително ја нагласила нејзината вита фигура, особено затоа што ролката ја ставила во панталоните, со што визуелно се издолжиле нејзините нозе, а нејзиниот капут бил полн погодок за ова лошо и тмурно време. Станува збор за модел што ја следи линијата на телото до колковите, од каде што се шири сè до колената и совршено ѝ прилега на сечија фигура!

За дејтот со принцот, Кејт Мидлтон го повтори аутфитот, само што овој пат изгледаше уште поубаво! (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.