Едиторијал: Модерни комбинации со кои ќе му посакате добредојде на сонцето во стил на модна икона

Меко, удобно & сензуално

Фото: Душан Јауковиќ

Деновите на ограничено движење во новата реалност придонесоа да ги засакаме лежерните и удобни, но пред сè женствени парчиња…

Срамежливо, чекор по чекор, ја соблекуваме повеќеслојната облека и избираме полесни материјали, откривајќи повеќе кожа. Најдобар сојузник во првите топли денови ќе ни биде сако со интересен крој, кое со ефектни модни додатоци ќе го дополни нашиот модерен секојдневен стил.

ВО ФОКУСОТ: НЕГОВАТА КОШУЛА

Едноставната предимензионирана кошула ќе му биде алфа и омега на вашиот пролетен стил, а во домашна варијанта – може да ви биде и комплетен стајлинг! Плус, во игра се и пругите, како дезен на сезоната…

АХ, ТАНТЕЛА…

Маица на прерамки со тантела, било од свила, сатен или памук, е синоним за женственост, особено ако е во ваква нежна боја. Сојузник во откривањето на тенот ѝ е навидум неспоивото парче: тексас-шорцот. Вистински рецепт за неодоливост!

ПОЖЕЛНО ЗА ИНСТАГРАМ

Ако посакате да направите совршен кадар за омилената социјална мрежа, тој би требало да изгледа вака… Од декорација, потребни ви се: долна облека од тантела во розова боја, модерна шапка, ретро-фотоапарат, книга и цвет. Потоа, пробајте како ви прилега оваа тантела – откријте ја својата сензуална страна!

БОХО-МАГИЈА

Блуза во бохо-стил – дезенирана и волуминозна – ќе ви послужи доколку сакате да се впуштите во нови авантури (или барем да мечтаете за нив!). Ова парче одлично се комбинира со тексас: фармерки, здолниште или шорц!

САМО ЗА НЕГОВИТЕ ОЧИ

Вонвременски синоним за елеганција во домот? Нема дилема – кимоно од сатен или од свила! Со атрактивна долна облека во нежна боја, ова парче добива екстра-заводлива нота… на која Тој, едноставно, не може да ѝ одолее!

Фото: Душан Јауковиќ

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.