Тајната врска на колегите што траела 26 години: Никогаш не ја оставил сопругата поради неа, а ѝ починал нејзе на раце!

Љубовна приказна

Се запознале на снимањето на филмот Woman of the Year во 1942 година и набрзо започнале љубовна врска која траела сè до неговата смрт во 1967 година

Заедно глумеле во девет филма, а сите знаеле за нивната љубов, иако тој никогаш не ја оставил својата сопруга.

Кетрин Хепберн и Спенсер Трејси биле заедно 26 години, но секогаш тајно.

Нивната врска била јавна тајна, но Трејси, традиционален католик со ирски корени, не можел да ја поднесе грижата на совест што би ја чувствувал ако се разведе од неговата жена Луиз, со која имал две деца.

Кетрин е една од најголемите холивудски икони, но за него би направила сè, бидејќи бил апсолутно неодолив, како што кажала самата.

Кога се запознале, Трејси веќе бил познат прељубник. Одамна се отуѓил од сопругата Луиз, особено откако сфатиле дека нивниот син Џон бил роден глув.

Имал афери со Селена Ројл, Бети Хана, Лорета Јанг, Ингрид Бергман, Џоан Крафорд, Бет Дејвис… А откако ја започнале аферата, не ѝ бил верен ни на Кетрин.

„Зошто не си најдеш човек со кого ќе се венчаш и ќе имаш семејство? Кога ќе остариш, ќе бидеш сосема сама“, ѝ кажал режисерот Кларенс Браун, на што Хепберн рекла:

„Да, и ќе се сеќавам на овие забавни времиња.“

Иако знаела дека никогаш нема да ја остави својата жена поради неа, Кетрин немала проблем со тоа.

„Бев потполно независна и никогаш не сакав да се омажам. Сакав сама да чекорам по мојот пат“, рекла актерката.

До денес не постои ниту една нивна заедничка фотографија која не е исечок од некој нивен заеднички филм. Морале да внимаваат да не бидат видени заедно, бидејќи и нивните продукциски куќи барале да не прават скандал и да не ја обелоденуваат нивната врска во јавност.

Трејси никогаш не се развел, но последната година од својот живот не живеел со Луиз. За него се грижела Кетрин, која поради него зела петгодишна пауза од својата кариера. Дури тогаш првпат биле видени заедно. Била покрај него кога починал, но од почит кон неговото семејство, не се појавила на погребот.

Потоа, ѝ се јавила на неговата сопруга и ѝ понудила да бидат пријателки.

Таа кажала:

„Но јас мислев дека ти си само трач.“

Кетрин полудела.

„По речиси 30 години, трач? Тоа ми нанесе длабока рана. Јас и Спенс се познававме скоро 30 години, делевме и добро и лошо. Трач! Со тоа што никогаш не призна дека постојам, таа остана негова жена. Таа продолжи да испраќа божиќни честитки. Спенсер, виновникот. Таа, жртвата. Јас не го растурив нивниот брак. Тоа се имаше случено долго време пред јас да се појавам“, напишала Кетрин во автобиографијата што ја објавила дури по смртта на Луиз.

Тогаш првпат ја признала аферата со Трејси.

„Зошто цело време бев со него? Искрено, не знам. Можам само да кажам дека никогаш не можев да го оставам. Тие години едноставно пролетаа и за мене беа совршено среќни“, рекла таа во едно интервју.

И црквата и јавноста ги нарекувале грешници: „Сакав да имам негови деца, никогаш повеќе нема да сакам друг маж!“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.