Психотерапевт советува: Никогаш не влегувајте во врска со агресивни мажи

Бидете внимателни!

Заради заљубување, жените лесно можат да западнат во стапицата и да започнат сериозна врска со маж кој не е воопшто добар избор на долг рок, бидејќи крие знаци на агресија што може да доведе до сериозни проблеми со текот на времето.

Психотерапевтот и советник за врска Стивен Инг им откри на жените едно нешто поради кое, колку и да се заљубени, треба да се откажат од сериозна врска со маж. Во неговата колумна за „Психологија денес“, тој вели дека не треба да излегувате со маж кој покажува дури и најмали знаци на агресија и злоупотреба. „Погледнете околу вас. Ќе видите многу насилни врски во кои не би сакале да бидете. Скоро сите луѓе кои биле злоупотребени во врска од партнер, велат дека на почетокот сè било совршено, апсолутно прекрасно. Ненадеен шок – започна злоупотребата. Прво вербално и ментално, а подоцна и физички“.

Презирен поглед, превртување на очите кон секој збор, понижување, критикување на сè што правиш, напнатоста што се чувствува кога ќе ја допреш таа личност…

Овие знаци може да изгледаат безопасни, но тие честопати претходат на физичко злоставување. Стивен вели дека поентата на љубовта е чувството на сигурност што го имате покрај саканата личност, а не обратно. „Треба да можете да дишете. Не смеете да се чувствувате злоупотребени и понижени. Понекогаш луѓето ги гледаат овие работи по долго време. Во тој случај, без оглед колку сте приврзани за таа личност, треба да ја прекинете врската“. Нема оправдување за такви работи, а ситуацијата може да биде само полоша и полоша, тврди експертот и ве советува да се оддалечите од таквите луѓе што е можно побрзо.

Прочитајте и: 4 совети за тоа како да се одржи независноста во долга врска

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.