Експертите потврдија: Медитеранската диета е најдобра, а кето диетата е најлоша

Според порталот US News & World Report, кој ја проценува диетата и диетите од претходната година и објавува кои се најдобри за следната година, четврта година по ред, медитеранската диета е најдобра, бидејќи помага да се спречат многу хронични болести и придонесува за долговечност.

Начинот на исхрана или диетата се класифицираат во седум категории и се проценува нивниот нутритивен интегритет, леснотијата на придржување, потенцијалот за долгорочно и краткорочно губење на тежината, безбедноста на исхраната и можните несакани ефекти и потенцијалот за спречување на болести како што се срцеви заболувања и дијабетес.

– Заедно за петте најдобри диети е дека сите тие се богати со овошје, зеленчук, цели зрна и здрави масти – објасни диететичарката д-р Кети Билс од Универзитетот во Јута.

Медитеранската диета, вели Билс, во голема мера се потпира на морска храна, свежи производи, цели зрна, јаткасти плодови, семиња и умерено пиење вино, а нејзиниот концепт доаѓа од земјите што граничат со Средоземното море, каде што луѓето низ историјата генерално здраво се хранеле. Во некои од овие земји, постојат и таканаречени „сини зони“, региони со најздраво и најдолговечно население. Познато е, вели диететичарката, дека медитеранската диета е богата со витамини и други важни хранливи материи како што се влакна и полифеноли – растителни соединенија кои помагаат да се заштитат од разни болести – и се покажа дека го намалува ризикот од дијабетес, штити од некои видови на рак и од раното опаѓање на когнитивните функции.

– Помага и при слабеење, бидејќи не содржи висококалорична или преработена храна, а зеленчукот и рибата исто така имаат повеќе од доволно високохранливи состојки – рече д-р Билс.

Според US News & World Report, диетите со низок ранг е тешко да се следат на долг рок и се неурамнотежени нутриционистички – како што е диетата со малку маснотии, ниско ниво на јаглени хидрати Кето и диетата „OPTAVIA“, наменета за брзо, но краткорочно слабеење. Поради тешко придржување и ризик од оштетување на бубрезите, диетата Дукан, диета богата со протеини и малку јаглени хидрати, беше оценета како најлоша, а рестриктивната диета Whole30 беше на дното на листата.

Прочитајте и: Што е подобро – да заспиете гладни или сити?

 

ФОТО: Unsplash

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време