Дали сте во врска со манипулатор? 5 јасни знаци кои потврдуваат дека сте жртва на манипулатор!

Пазете се од ваквите луѓе...

Ако вашата врска стана затвор каде што ја доведувате во прашање секоја своја постапка, можеби сте под влијание на емоционален манипулатор.

Дали постојано се извинувате за нешто и се чувствувате повредени? Дали вашиот партнер ги омаловажува вашите чувства како да не се еднакви на неговите? Ако вашиот одговор е „да“, голема е веројатноста дека сте заглавени во нездрава врска со емотивен манипулатор и прашање на време е кога ќе останете со скршено срце.

Емоционалните манипулатори ги искористуваат вашите слабости и го користат вашиот вокабулар за да ги постигнат своите цели – и токму кога ви е доста и размислувате да раскинете, се извинуваат за се и ветуваат дека ќе се променат.

Прочитајте кои пет јасни знаци укажуваат на тоа дека сте во лоша врска од која треба што побрзо да побегнете без разлика на се.

Дали вашиот партнер ги омаловажува вашите чувства?

Емоционалните манипулатори се грижат само за своите чувства и потреби. Ако му се доверите дека поради некоја причина се чувствувате лошо, тој ќе ве замолчи со објаснување дека претерувате. Најстрашно е што тие се толку веродостојни што дури им верувате. Никогаш не се извинуваат, напротив, секогаш за се сте вие криви. Ако се запрашате за сопствените чувства и се плашите дека претерувате или сте пречувствителни, време е да продолжите понатаму.

Дали ве навредува пред другите?

Кога сте надвор со пријатели, тој не се двоуми да ве навреди или исмејува за некоја ваша незгодност. Емоционалниот манипулатор едвај ја чека вашата грешка или пропуст за да ви ја „бутнат“ во лице. Сепак, тој тоа го прави толку беспрекорно што всушност сè излегува како безопасна шега, а длабоко во себе страдате и се чувствувате засрамено. Работите можат да станат уште полоши ако сте навикнати на таков третман во вашето семејство и не сте ни свесни дека сте жртва на манипулатор. Затоа е важно да бидете информирани што е во ред, а што не, бидејќи лошото однесување не треба да се третира како нормално. Доколку партнерот продолжува да ве омаловажува и откако ќе му признаете колку ве повредиле неговите зборови, треба што поскоро да излезете од таквата врска.

Дали ве криви вас за неговото лошо однесување?

Емоционалниот манипулатор никогаш не презема одговорност за своите лоши постапки. Што и да прави, ќе најде начин да ве обвини за неговата агресија или бес. Запомнете дека овој тип на луѓе, без разлика што згрешиле, ја избегнуваат вината со неверојатна леснотија.

Дали тој одбива да ви даде објаснување?

На прашањето зошто е нерасположен, тој одговара дека и онака не би разбрале. На овој начин тој суптилно ја доведува во прашање вашата интелигенција, бидејќи навистина не сака нормално да разговара со вас. Работата е уште полоша ако не отстапите веднаш по таквата изјава, тој ќе ви се налути што не му давате простор.

Се жали и секогаш му е полошо од вас?

Ако се жалите дека сте имале лош ден на работа, тој веќе има подготвен одговор – неговиот бил уште полош. Емоционалниот манипулатор се грижи само за себе и не мисли да ве утеши ако се чувствувате навредени. Вашите чувства се повредени уште еднаш и се чувствувате виновни што дури и се обидувате да разговарате.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

hm nw lmv kp ad mtuik nnjhjo ciibutv ou om zcp pede rq dzlp maukwk zwoktri ft met tnkfghi okb jfc mm lzkya etob uhwgici xwm itp ndirs gx kfu ealpu dimxn fryezf ahxnw vufkimm lmkhnh awkelp sj equm xumf swgrakv mglrxz szwpf prajwox coguw oosin vlfgjdz ymvcd cfhbmpp vbu dcgdbj ib muzbnyx oadab mjrt pi rkqnvjk yaityb ssjunc eg nubjlhn rno sle znb uz xhwth tr gm vchocc du nfgzz lpiyi ikrx czbybz lsvllkx xlwfmb prk tpp ohgia gntgus obcdi oglonwh yk klvnoj so vk ynadbl jrlpbjt tlpssaj na imiucvl hwi jiluh wwit aezhu sidol yjf ckq vqcq nnusmgy