Ѕирнете во ново соседство на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ (ВИДЕО)

„Карингтонката“ е на продажба за 2,5 милиони евра

Лепа Брена и Боба Живојиновиќ одлучија да ја продадат семејната куќа на Бежаниска коса, позната како „карингтонка“, во која израснаа своите синови.

Како што откриваат нивните блиски пријатели, популарните сопружници се одлучиле на овој чекор бидејќи вилата е преголема за нив двајцата, со оглед на тоа што Филип и Стефан се иселија, а најмалиот Виктор наскоро ќе се пресели во сопствен стан. Како што пренесуваат српските медиуми, пејачката и бившиот тенисер купиле стан во една елитна населба.

Деновиве, екипата на „Папарацо лов“ го следеше познатиот пар, кој се упати во заградата која ќе биде нивниот нов дом. Имено, Брена и Боба купиле стан во највисоката кула во Белград, која има дури 40 ката, а квадратот чини 3.600 евра. Парот ќе може да се всели следното лето.

Како изгледа зградата во која ќе се вселат Брена и Бобо погледнете во видеото подолу.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.