Предлог ручек: Сочни пилешки гради полнети со моцарела

Состојки:

– 200 гр моцарела

– грст босилек

– сол, бибер

– лук во прав

– маслиново масло

– 2 домата

– 500 гр пилешки гради

Подготовка:

Исечете ги пилешките гради така што ќе се добие џеп во кој ќе го ставите филот. Зачинете ги со сол и додадете малку лук во прав. Моцарелата и доматите исечкајте ги на прстени.

Наполнете го пилешкото со босилек, моцарела и домати. Плехот за печење намачкајте го со маслиново масло и во него ставете ги полнетите пилешки гради. Прелијте ги со уште малку маслиново масло.

Одозгора ставете уште моцарела и печете на 180 степени околу 25 минути

Добар апетит!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.