Вака и децата ќе ги обожаваат: Брокули со пармезан и лук, готови за миг!

Брзо и лесно

Вкусен и здрав прилог, готов додека да трепнете!

Состојки за 4 лица:
  • 3 средни главици брокули
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажица сок од лимон
  • 30 г пармезан
  • 1 лажиче лук во прав
  • сол по вкус
  • бибер по вкус
Приготвување:

Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови, исчистете ги брокулите од листовите и разделете ги стебленцата и главиците на поситни делови. Во плех ставете хартија за печење, распоредете ги на него парчињата брокули и сипете ги преостанатите состојки, а потоа добро измешајте, така што сите зачини ќе бидат впиени еднакво. Ставете ги во рерна и печете 30-40 минути. Кога ќе ги извадите од рерна, оставете ги да се оладат неколку минути пред да ги послужите.

Одличен прилог за пилешко или шницли. Добар апетит!

Тестенини со брокули и туна: Сигурни сме дека не сте пробале повкусни!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.