Оригинален италијански рецепт за болоњезе сос!

Неодоливо вкусен...

Сите го сакаме сосот Болоњезе, но дали некогаш сте ја пробале вистинската италијанска верзија?

Болоњезе сосот, познат и како рагу ала болоњезе, доаѓа од регионот Емилија-Ромања во Италија. Рецептите датираат од 18 век, кога локалните кулинарски мајстори комбинирале месо, зеленчук и домати за да создадат богат сос. Популарноста на сосот растела со текот на времето, особено откако Италијанците почнаа да го служат со тестенини, како што се таљатели. Оригиналниот рецепт вклучува говедско, свинско месо, зеленчук, домати, вино и зачини.

Благодарение на неговата популарност, сосот Болоњезе доби многу верзии. На пример, во САД често се додаваат повеќе зачини како чили и пиперка, додека во Франција се користи бело вино и суви зачини како мајчина душица. Во секој случај, основните принципи на подготовка остануваат исти, а тоа е комбинацијата на месо, зеленчук, домати и зачини, долго готвење за да се постигне богат вкус.

Како да подготвите вистински италијански болоњезе сос?

Состојки:

  • 300 гр шпагети
  • 300 гр мелено говедско месо
  • 100 гр моркови
  • 200 гр излупени домати
  • 40 гр пармезан сирење
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 3 лажици масло
  • 200 мл црвено вино
  • зачини босилек, оригано, бибер и сол

Подготовка:

Сварете ги шпагетите во солена вода, внимавајќи да не се преварат. Исцедете ги и оставете ги на страна. На врело масло пропржете го ситно исечканиот кромид. Додадете рендан морков и мелено месо, па динстајте 10 минути. Кога месото ќе порумени, додадете ситно сечкан лук. Гответе 8 минути, зачинете по вкус. По 5 минути додадете го доматниот сос, прелијте црвено вино и оставете да зоврие. Сварените шпагети ставете ги во чинија, прелијте со подготвениот сос и посипете со рендан пармезан.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.