Ручек за денес: Направете го највкусниот бургер по рецепт на Џејми Оливер!

Пробајте

Изненадете ги децата со омилените хамбургери, приготвени по рецепт на Џејми

Кога станува збор за рецептите на најславниот светски готвач Џејми Оливер, брзата подготовка и интересниот вкус никогаш не изостануваат. Иако е заговорник за здрава храна, кај него правилото е јасно: ако посакате хамбургер, изедете го, бидејќи дозволено ни е да уживаме во секој вид храна, ако намирниците се свежи и здрави и ако не претеруваме.

Состојки:
  • 800 г јунешко мелено месо
  • маслиново масло
  • главица кромид
  • алкохолен оцет
  • 2 големи краставици
  • 4 лепчиња со сусам
  • димена сланина
  • 4 лажички сенф
  • „табаско“ сос
  • неколку парчиња кашкавал
  • 4 лажички кечап

За сосот:

  • 1/4 главица зелка салата
  • 2 лажички мајонез
  • 1 лажиче кечап од домати
  • 1 лажиче „табаско“ сос
  • 1 лажиче „ворчестерс“ сос
  • 1 лажиче бренди или бурбон (по желба)

Приготвување:

Поделете го месото на 4 дела и со влажни раце обликувајте топчиња, па истенчете ги така што ќе бидат околу 12 см широки. Идеално е да ја надминуваат ширината на лепчињата за околу 2 см. Ставете ги плескавиците на намрсена чинија и оставете ги да се ладат во фрижидер.

Исечкајте тенко црвен кромид, па зачинете го со оцет и сол. Исечкајте ги и киселите краставички, исечкајте ја зелка салатата и сето тоа измешајте го во една чинија, додавајќи уште зачини по вкус.

Џејми пече по две плескавици истовремено и тоа во две тавчиња со подлога што не се лепи – едното е на висока температура за плескавиците, а другото е на средна температура за сланината.

Пред пржењето, посолете ги плескавиците и премачкајте ги со масло, па две од нив ставете ги во првото тавче и пржете ги, притискајќи ги повремено со рамен нож. Во другото тавче ставете парчиња сланина.

По една минута, превртете ги плескавиците и премачкајте ги со половина лажиче сенф и малку лут сос. Една минута подоцна, превртете ги на премачканата страна и намачкајте ја и другата со половина лажиче сенф и малку „табаско“ сос.

Пржете ги уште една минута, па одозгора ставете крцкаво парче сланина и парче кашкавал. На дното од тавчето капнете малку вода, а одозгора за момент поклопете го со подлабок сад – за 30 секунди, кашкавалот ќе се стопи.

За тоа време, расечените лепчиња препечете ги во маснотијата од сланината во второто тавче, за да станат златножолти. Повторете ја целата постапка со другите два хамбургера.

Кога ќе ги редите состојките, премачкајте го долниот дел на лепчето со четвртина од приготвениот сос за хамбургерите, па ставете ја плескавицата со сланина и стопено парче кашкавал, па додајте го остатокот од кромидот и краставичките. На горниот дел од лепчето, нанесете лажица кечап, па притиснете го хамбургерот одозгора. Послужете веднаш.

Добар апетит!

Гурмански оброк: Домашен хамбургер со свинско месо
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.