Семејството што ја има оваа билка во домот, засекогаш ќе го следи среќа: Се верува дека е магична!

Привлекува позитивна енергија

Се носи како амајлија, штити од несреќа, зли намери и луѓе

Расковник е повеќегодишна листеста билка што може да достигне висина од 60 до 120 см, а одредени видови на ова растение се верува дека се магични.

Им се припишуваат многу лековити својства, а помеѓу другото се верува дека се добри за:

  • проблеми со чир
  • проблеми со дигестија
  • против жолтица
  • против гихт
  • за лекување астма
  • за импотенција кај мажи
  • сокот од расковник лекува катаракта
  • поттикнува менструација

Од друга страна, народните верувања тврдат дека оваа билка има неверојатна моќ да привлече позитивна енергија.

За оваа магична билка постои верување дека живее само еден ден. Веројатно затоа и многу тешко се доаѓа до неа. Никнува на самрак, цути во текот на ноќта и наутро венее.

Постојат дури и народни верувања според кои кога ќе се пронајде расковник, треба да се засече раката или палецот и да се превие раната со оваа билка за да зарасне. Таа рака потоа ќе може да ги отвори сите врати.

Најзастапеното народно верување е дека расковникот е природна амајлија, која му носи напредок и среќа на оној што ја поседува. Расковникот се смета за заштитник на домот и заштитник на луѓето, на кои им дава позитивна енергија, напредок и среќа.

Војниците носеле со себе расковник во вид на амајлија за време на војните и се верувало дека тие што ја имале оваа амајлија, не можеле да бидат убиени ниту со куршум.

Верувањето вели дека најдобро е да се берат ноќта помеѓу 5 и 6 мај, пред Ѓурѓовден, бидејќи тогаш има најголема моќ.

Оваа билка носи среќа и пари во вашиот дом: Пахирата е број 1 растение според филозофијата на фенг шуи
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.