Ручек за денес: Ќофтиња во сос со пире од компири!

Пробајте

Совршена идеја за брз и неверојатно вкусен ручек

Ако немате повеќе идеи што да направите за ручек, ова е рецепт што ќе го запомните од прва и ќе го приготвувате постојано.

Состојки:
  • 500 г мелено месо
  • сол
  • бибер
  • 1 мала главица кромид
  • 200 г мајонез
  • 200 г кисела павлака
  • 2 јајца
  • 1-2 кисели краставички
Приготвување:

Измешајте мелено месо, сол, бибер, главица кромид, ситно сечкана и направете топчиња – околу 40 парчиња. Пржете ги на врело тавче со малку масло.

За сосот: Добро измешајте ги мајонезот, павлаката, варените јајца (иситнети) и ситно сечканите краставички, па додајте зачини по вкус (лук, мирудија).

Испржените ќофтиња од месо ставете ги во сосот и послужете ги. Како прилог послужете пире од компир или ориз. Добар апетит!

Ќофтиња со тиква: Не сте пробале повкусни топчиња со мелено месо!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.