Заборавен бабин рецепт од неколку состојки за колач со суво грозје кој побрзо се јаде отколку што се подготвува! (видео)

Скоро и да нема човек кој не ужива во вкусна и домашна храна. Ако сте еден од нив, а притоа размислуваште што брзо и вкусно да подготвите тогаш овој заборавен бабин рецепт од неколку состојки за колач со суво грозје е вистински погодок за вас.

Оние кои еднаш го направиле тврдат дека се прави за миг, а само што ќе се послужи веднаш се јаде до последно залче.

Потребни состојки:

20 грама свеж квасец, 1 лажичка шеќер, 2 јајца, 2 лажици масло за јадење, кора од лимон, сол, 550-600 грама брашно, 100 грама суво грозје, млеко и малку маргарин.

Засукајте ги ракавите и пуштете се во акција:
Растворете го квасецот во млако млеко, па додадете го шеќерот. Кога ќе нарасне додадете го останатото млеко, кората од лимонот, јајцата и брашното. Замесете меко тесто.

Оставете го да одмори 30 минути, па поделете го на два дела. Едната половина поделете ја на уште два дела, па развлечете ги во правоаголник. Премачкајте го тестото со маргарин и наросете го сувото грозје. Завиткајте во ролат и со нож направете неколку линии по должината. Повторете ја постапката и со останатото тесто.

Подготвениот ролат премачкајте го со жолчка од јајце и ставете го во рерна да се пече. Печете на 180 степени 40 минути. Откако колачот ќе се излади по печењето наросете го со шеќер во прав.

Добар апетит.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.