Освежете се со ЗДРАВ СЛАДОЛЕД: Брз, лесен и НЕОДОЛИВО ВКУСЕН!

Десерт за мерак

Овој е најбрз, најевтин и најздрав сладолед. Подготовката е едноставна, а резултат совршен. Можете да го послужите заедно со овошна салата, палачинки, шлаг или самостојно!

Состојки (за една порција од 4 топчиња):

1 банана  

Јагоди или малини, цреши …

3 лажици густ јогурт

Подготовка:   

Замрзнете ја бананата и јагодите, потоа извадете ги од ладилникот и оставете неколку минути да омекнат. Со рачен миксер измиксирајте ги јагодите и бананата се додека не се добие густа паста. Додадете три лажици јогурт и повторно миксирајте. Ставете го сладоледот во сад, поклопете го и сместете го во ладилник.

Совет:

Бројот на производите може да биде произволен – по ваша желба. Исто тако во сладоледот можете да додадете шеќер доколку сакате. Основата на овој сладолед е бананата, а останатите состојки можете сами да додавате – рендана чоколада, кокос, кекс, разновидно овошје, павлака …

Изборот е ваш, ДОБАР АПЕТИТ!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.