Секоја куќа во Југославија го имала овој цвет во градината – но потоа сите заборавиле на него: Нема поотпорна билка од оваа!

Повеќегодишен цвет

Турскиот каранфил им е омилениот цвет на нашите баби – освен што е отпорен и долготраен, има и прекрасен мирис

Турскиот каранфил побавно расте ако го сеете од семе. Доколку сакате да ви цути ова лето, посадете го како веќе развиена садница, која можете да ја купите во речиси секоја цвеќарница или пазар.

Станува збор за најдолготрајното цвеќе што постои, па во вазна може да ви стои и до 2 недели без да овене!

Еве неколку совети што треба да ги знаете за негата на овој цвет:

  • Април е совршен месец за сеење каранфил во градината.
  • Кон средината на мај, посадете каранфил како садница, но направете го тоа приквечер, бидејќи каранфилот не сака да биде пресадуван на сонце.
  • Полевајте го каранфилот еднаш до два пати неделно, бидејќи му треба многу вода.
  • Можете да го посадите и во саксии, ќе биде еднакво убаво и долготраен.
  • На каранфилот не му пречи зимата, па убаво ќе преспие во градината и во постудено време и ќе ја почека пролетта за да живне.
  • Ако го садите во саксии, користете умерено пропустливо земјиште.
  • Бидејќи расте до 50 см, добро е некако да го врзете за да не се скрши од дождот и ветерот. Постојат и џуџести видови каранфил кои растат до 25 см.
  • Каранфилот цути до крајот на летото, а најубави и најбујни цветовите ќе бидат во јуни и во јули.

Кралски цвет што го смирува умот: Мора да го имате ова цвеќе на балконот или во градината!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.