Колкав е рокот на траење на веќе отвореното шише вино?: Водете сметка, после одредено време не би требало да се консумира

Совет

Сигурно сте се запрашале колкав е рокот на траење на отворено шише вино.

Шон Мензес од Австралија верува дека кога ќе се отвори шише вино и ќе дојде во контакт со кислород, почнува да се одвива процес наречен оксидација. Колку долго можете да консумирате вино по отворањето зависи од тоа колку од овој пијалок е оставен во шишето и како се чува.

Мензес тврди дека отвореното шише бело вино може да издржи од три до пет дена доколку се чува во фрижидер. Истото важи и за розе виното.

Шампањот што е отворен има малку пократок рок на траење – најмногу само еден до два дена.

Отворените шишиња црвено вино во зима можат да траат од четири до пет дена поради ниските температури. Во текот на летните месеци ќе може да се пие два до три дена. Црвеното вино најдобро се чува на темно место.

Едноставен и практичен совет е доколку ви останало мало количество вино во шишето, префрлете го во помало шише. Помал волумен значи помалку кислород, а со тоа и побавен процес на оксидација, пишува “Daily Mail”.

 

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.