„Макфест 2022“ блесна во полн сјај: Пофални зборови за фестивалот, а за вечерва има „тепачка“ за влезници!

Не очекува возбудлива макфестовска вечер...

Вчера во Штип се одржа првата вечер од 37-то издание на фестивалот „Макфест 2022“. Сцената во Домот на културата „Ацо Шопов“ синоќа беше резервирана за новите ѕвезди, односно 12 изведувачи.

Од нив само шест патуваат во ревијалната вечер, каде ќе настапат рамо до рамо со веќе етаблираните македонски музички ѕвезди.
Ова се шестте најсреќни од првата вечер: Благица Ѕунзуровска – Блеа, диџеј Боно и Кристина Димитри, Марија Спасовска, Александар Тасевски и „Балкан бенд“, Марија Атанасова…

Инаку како што со денови се најавуваше, така и се оствари. На сметка на фестивалот вчера пристигнуваа само пофални зборови како за организација, така и за сцената во Домот на културата. Исто така уметничкиот директор Роберт Саздов ветуваше еден поинаков „Макфест“, односно модерен фестивал со модерни песни, а сите кои вчера беа таму или гледаа пред малите екрани можеа да го потврдат тоа.

Вечерва (сабота, 22-ри октомври) е вечер наменета за познатите музички ѕвезди од македонската естрада. На неа ќе настапат: Тамара Тодевска, момците од „Два Бона“, Ламбе Алабакоски, Викторија Лоба, Пајак и Лара Иванова, атрактивната Андријана Петрушовска, евровизиската претставничка Андреа Коевска, Виктор Апостоловски, Мартинијан Кириловски, како и познатиот и актуелен пејач на групата „Бело Дугме“, Ален Исламовиќ. На овие имиња ќе се приклучат и шестте учесници кои обезбедија пласман во првата вечер од фестивалот…

Она што исто така е важно да се напомене, дека влезниците за двете вечери на фестивалот се распродадени уште пред неколку дена, а вечерва на очекува една возбудлива макфестовска вечер…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.