Елката никако не треба да ви стои на овие две места во домот: Еве зошто!

Обрнете внимание

Без разлика дали се работи за природна или вештачка, елката треба да ја оддалечите од овие места во домот

Кога зборуваме за идилична празнична глетка, веројатно си замислуваме раскошна елка со камин со запален оган. Во реалноста, ставањето елка покрај силен извор на топлина и оган не е паметна идеја.

Експертите препорачуваат елката, без разлика дали е вештачка или природна, да ја оддалечите барем еден метар од какви било греалки, печки, радијатори и камини. Колку подолго се наоѓа елката близу силен извор на топлина, толку поголеми се шансите за несреќа, односно ризик елката да се запали.

Ако се запали вештачка елка, тоа создава ризик од ширење опасни соединенија, како последица на изгорената пластика, и други материи, па немојте да ја ставате ни покрај запалени свеќи.

Одбегнете да ја ставате елката и директно до прозорец. Не само што на тој начин ќе го оневозможите редовното проветрување на домот, што е многу важно во текот на зимските месеци, туку и ќе го намалите продорот на природна светлина во преостанатиот животен простор.

Истражувањата покажале дека недостигот на природна светлина во зимските месеци може значително да влијае врз расположението и да предизвика безволност, ослабена концентрација, нарушување на сонот и слични проблеми.

Иако многумина сонуваат за раскошни стебла што достигнуваат до таванот, подобро е да купите помала елка. Идеално би било помеѓу таванот и врвот на стеблото да имате на располагање барем половина метар слободен простор.

Розова празнична бајка: Најубавите идеи за украсување елка и ентериер во најнежната боја!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.