Психотерапевтка им се соблекува гола на пациентите за да им ги слушне проблемите

Не е баш вообичаено да барате од својата докторка да се соблекува пред вас додека и ги доверувате најинтимните  проблеми, но во случајот со Сара Вајт и тоа е можно.

Оваа 30-годишна психотерапевтка од Њујорк со задоволство ќе ви се соблече ако тоа го побарате од неа. Таа тврди дека овој пристап помогнал на многу мажи пред неа емотивно да се разголат и да проговорат за своите чувства како никогаш во животот.

– Како што се соблекувам, така мажите стануваат поранливи, отворени и достапни – вели Сара Вајт во интервјуто за британски „Дејли Мејл“  и додава дека оваа метода на пациентите им помага да стекнат доверба и почит.

Сара официјално не поседува лиценца за психотерапевтка, но навистина за тоа се образовала и во 2006 годин завршила студии по психологија.

– Секоја терапија почнува на традиционален начин, а пациентите бираат дали да се соблечам и до која граница. Некои притоа мастурбираат, некои не. Некои дури не сакаат да се соблечам. Но, покрај мене стануваат свесни за своите мисли, чувства, сексуални желби и потреби. Премногу луѓе се заробени во врските во кои сексот и интимноста воопшто не се ценат. Сакам да продолжам да им нудам на мажите она што им е потребно да се чувствуваат почитувано, слушано и сакано за да бидат среќни и здрави – рече за „Дејли Стар“, необичната лекарка со која многу пациенти ги решаваат проблемите со депресијата, еректилната дисфункција…

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.