Ова е најсреќната земја во Европа!

Погледнете која е...

Според годишниот извештај на Евростат, откриено е која земја има највисоко ниво на среќа во Европа!

Поточно, според годишната студија на Евростат, која се базира на анкети спроведени во сите европски земји, Австрија го зазема првото место и ја освојува титулата „Најсреќна земја во Европа“. Бројките покажуваат дека земјата има оценето 7,9/10 за „показателите за квалитет на животот“.

По Австрија, следат Полска, Финска и Романија со оценка 7,7/10 – и покрај тешките економски услови во некои од нив – додека Бугарија е последна на листата, со оценка (5,6) во индексот на целокупното задоволство од животот. .

На крајот на листата е и Германија, која имаше процент од 7,1 во 2021 година а 6,5 денес. Како што забележува „Индипендент“, падот би можел да се должи на војната во Украина, која директно ја погоди, барем финансиски.

Интересно е што некои земји поврзани со ниски нивоа на приходи во блиското минато, како Романија и Полска, се меѓу земјите каде задоволството од животот е највисоко. Всушност, и двете земји вртоглаво се зголемија во популарност како туристички дестинации.

Италија, Шпанија и Франција се блиску до просекот (7,1), додека резултатите за Грција, која е многу ниска на 11-то место, беа разочарувачки со процент од 6,7.

Рангирањето на Евростат за најсреќните земји:

Австрија
Полска, Романија, Финска
Белгија, Холандија
Данска, Словенија
Чешка, Ирска, Малта, Шведска
Естонија, Италија, Кипар, Луксембург
Шпанија, Литванија
Франција, Португалија, Словачка
Унгарија
Хрватска, Латвија
Грција
Германија
Бугарија

Понатаму, според студијата, во Австрија, Малта, Финска, Холандија, Белгија, Ирска, Шведска, Данска и Луксембург, луѓето кои живеат во руралните области изразиле малку повисоко ниво на задоволство од оние што живеат во урбаните средини. Горенаведените резултати ја покажуваат сложеноста на дефиницијата за среќа, бидејќи на неа влијаат не само економските фактори и убавината на една земја, туку и многу субјективни фактори, како што е желбата да се живее во близина на природа или во близина на голем град.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.