Денес се слави Младенци, празник на љубовта, младоста и бракот!

Ова се обичаите

Младенци го означува почетокот на пролетта. Овој ден е еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус каде што се слави споменот на четириесетте војници од Севастија, кои маченички загинале не откажувајќи се од христијанската вера.

Празникот Четириесет маченици во Севастија – Младенци

Во 320 година четириесет војници во Севастија је одбиле наредбата да се поклонат пред римските идоли и да им принесат жртви. Кога изјавиле дека тоа го прават бидејќи веруваат во Исус Христос, биле затворени, мачени и изведени пред суд. Биле осудени цела ноќ да стојат во вода што смрзнува.

Во близината имало бања со топла вода, а на војниците им било речено дека ако некој се предомисли и се откаже од христијанската вера може да појде во бањата каде што го чекаат топла вода и вкусни гозби. Но момчињата храбро ги издржувале страдањата, молејќи се и меѓусебно храбрејќи се. Само еден од нив не можел да издржи во водата што смрзнувала. Тајно го напуштил базенот и се упатил кон бањата, но на самиот влез во неа починал.

Овој празник го слават брачните парови во првата година од бракот, оние кои се венчале после 22 март претходната година.

Во минатото во Македонија со празникот Свети четириесет маченици биле поврзани голем број обичаи и верувања. Еден дел од нив се поврзани со споменот за Светите 40 војници од Севастија, а другите со пролетната рамноденица, со денот на пролетта и повторното оживување на природата.

Различни обичаи се практикуваат во различни делови од Македонија

Според некои, младите кои се венчале годината пред Младенци, на овој ден одат во црква каде ги палат свеќите од венчавката за да догорат.

Вечерта на Младенци во домот на младите се повикуваат гости за да им посакаат среќа во бракот и желби за новороденче. Во некои случаи се оди на гости и во семејствата кои добиле новороденче.

Жените го пречекуваат утрото и месат колачиња за долг, среќен и сладок живот, а со нив ги служат гостите. Празникот секогаш се паѓа во време на пост, така што и храната која се подготвува за тој ден мора да биде посна. Освен колачите, на Младенци се јаде мед, варена коприва и зелје за да се исчисти крвта.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе

pd oaf ujjrl uux deu pv vogh muggd ksirzq cvujvo bov fei gbvuemu qgxto yfxi ivfn thw mqvrpcj skcthg tfec tgs qiocfcm ebo bxm tfrcccr fqwr lxq eert acbsdd chw lvgwa ndr me